Силекс од втора лига ја претставува Македонија поради освојувањето на Купот, а противник во квалификаиците од Конференциската лига им е тимот на Петрокуб од Молдавија.
Во Скопје Силекс и Петрокуб одиграа 1:1. Силекс поведе со голот на Додевски уште во четвртата минута, а гостите изедначија во самиот финиш од првото полувреме. Силекс во овој натпревар покажа дека има квалитет да го изненади Петрокуб.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Домаќинот е фаворит, но мислам дека покажавме дека имаме квалиутет. Во првиот натпревар одигравме сосема добро. Растоварени сме од некаков императив, имаме желба само да се прикажеме во најдобро издание и да дојдеме до позитивен резултат. Спремни сме да се надигруваме“, изјави Михајлов.
Реваншот во Молдавија Петрокуб и Силекс го играат денес од 19:00 часот.