Моментално најдобриот српски напаѓач и ѕвездата на Ал Хилал, Александар Митровиќ, би можел да се врати во Премиер лигата по шестмесечна пауза.
Според новинарот на Sky Sport, Кит Дауни, Митровиќ би можел да се врати во Њукасл.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Страчките“ наводно планираат да ја засилат офанзивната линија во која ги имаат Александер Исак и Калум Вилсон кои често имаат проблеми со повредите, а Србинот дополнително би можел да создаде конкуренција во нападот.
Како што пишуваат Англичаните, планот е Митровиќ да дојде на позајмица во соработка со саудискиот државен фонд кој стои зад тамошната инвестиција во фудбалот, како и Њукасл.
Останува прашањето каква реакција ќе предизвика тоа кај челниците на клубот од Ријад, со оглед на тоа што српскиот репрезентативец на 26 натпревари постигна 25 гола.
Тој дефинитивно е една од најголемите ѕвезди во Саудиска Арабија, но Њукасл може да биде примамлива дестинација.