Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вчера пропушти прилика да го освои својот 21-ви Грен Слем во турнир
Подобар од него во финалето на Вимблдон беше Новак Ѓоковиќ кој го победи после голема борба во пет сета која траеше пет часа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго ќе жали големиот Роџер за поразот со оглед на тоа дека во еден момент на петтиот сет имаше две меч топки.
Федерер тогаш водеше со 8:7, сервираше и водеше со 40:15 во гејмови. Неговата сопруга Мирка не можеше да гледа што се случува во тие моменти на теренот.
Швајцарецот ги изгуби наредните четири поени и Ѓоковиќ изедначи на 8:8 и на крајот славеше победа.
Како изгледаше гејмот во кој Федерер изгуби две меч топки погледнете во видеото.