Италијанска Специја поминува низ голема резултатска криза, минатата сезона испаднаа од елитниот ранг на италијанскиот фудбал, а сезонава изгледаат како кандидати за Серија Ц.
По 13 кола тие се на 18-то место на табелата во Серија Б со само една победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најжестоките фанови навивачи на овој клуб поради таквата форма се одлучија на еден радикален протест. Пред влезот на просториите на управата тие оставиле свинска глава со транспарент: Времето истече!
Првата жртва на лошите резултати беше тренерот Масимилијано Алвини кој доби отказ и него го наследи Лука Д’Анџело, но навивачите како главни виновници ги гледаат луѓето кои ја водат Специја.
По ремито на домашен терен против Тернана во минатото коло дел од навивачите се обиделе да ги нападнат членовите на управата и јасно е дека пред Специја ако нешто не се промени има црни денови.
Spezia fans have grown increasingly incensed with the team’s poor results this season and left a pig’s head outside the club’s headquarters alongside a banner reading ‘Times up!’.https://t.co/dRJAEJrqG1 #Spezia #SerieA #SerieB #Calcio
— Football Italia (@footballitalia) November 16, 2023