Еден од оние кој е оптимист во во екипата на Ливерпул пред натпреварите со Барселона е играчот Џејмс Милнер.
Тој смета дека неговата екипа може да ја порази големата Барселона во полуфиналето на ЛШ и да се пласира во финалето втора година по ред.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можеме да ја победиме Барселона, но знаеме дека ќе биде тешко. Бев таму (на Камп Ноу) два пати во групната фаза со Манчестер Сити и не успеавме да извлечеме добар резултат, така да се надевам дека ова ќе биде трета среќа за мене.“ – рече Милнер после победата во гости против Порто и додаде:
„Тие се силен тим и тоа ќе биде тешко гостување, но мислам дека не играле против многу тимови кои играат со ист стил како нашиот. Имаат одлични поединци во екипата. Камп Ноу е прекрасен стадион и прекрасно место за играње фудбал во фантастична атмосфера. Мора да бидеме на нашето најдобро ниво доколку сакаме да одиме понатаму.“
Инаку, првиот натпревар е на распоредот на 1. мај на Камп Ноу, додека реваншто на Енфилд се игра шест дена подоцна.