Дома Фудбал Лига на шампиони Милер го прогонозира финалето: Ќе биде 2:2, Ливерпул ќе победи на пенали

Милер го прогонозира финалето: Ќе биде 2:2, Ливерпул ќе победи на пенали

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер го коментираше утрешното финале во кое ќе се сретнат екипите на Ливерпул и Реал Мадрид.

Тимот на Баерн веќе е на одмор, а сезоната во Лигата на шампионите ја завршија со неочекувана елиминација од Виљареал. Според очекувањата на германскиот фудбалер во утрешното финале ќе победи Ливерпул на пенали.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Мојот впечаток е дека Ливерпул е подобар, не можам да го отпишам и Реал поради се што направи сезонава во ЛШ. Мојата прогноза е дека ќе биде 2:2 во регуларниот дел, а потоа на пенали ќе победи Ливерпул“, изјави Милер.

Ливерпул во финалето ќе има и дополнителен мотив, а тоа е да се одмазди за поразот во Киево 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѓоковиќ го задржа четвртото место на АТП листата, Алкараз ја заврши сезоната на првата позиција

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа четвртото место на денес објавената АТП листа. Ѓо…