Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Честитки за фудбалерите, но ремито е најреално!

Милевски: Честитки за фудбалерите, но ремито е најреално!

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, по нерешениот резултат со Србија изјави дека ремито е најреален резултат.

„Сметам дека по едно полувреме и припадна на секоја репрезентација. Како се одвиваа работите на теренот можеме да жалиме, но според се, нерешениот резултат е најреален“, изјави Милевски.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Честитки за моите фудбалери кои се вратија од негатива од еден гол по слабото првото полувреме. Тешко е и физички и психолошки да играме во висок ритам во текот на сите 90. минути кога се работи за ваков турнирски систем против најсилните репрезентации, сепак најголем дел од нашите фудбалери играат во домашното првенство, а знаеме каков е ритамот на тие натпревари“, заклучи македонскиот селектор.

По два натпревари Македонија има еден бод. Прва во групата е Шпанија со шест бода и изборен пласман во полуфиналето, втора е Португалија со три, а Србија, како и Макеоднија има еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…