Пред утрешниот натпревар со Романија денес прес-конференција за медиумите одржа селекторот Благоја Милевски.
„Романија е сериозна екипа, составена од квалитетни поедници, овој натпревар доаѓа во добар момент за нив. Посебно не се плашиме од никој играч, сконцентрираме сме на нашата игра и тоа како треба да изгледаме на теренот“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За селекторот ова е многу поинаков натпревар во однос на првиот кој го загубивме на гостински терен под водство на Игор Ангеловски.
„Во однос на првиот натпревар во Романија каде што изгубивме со 3:2 сега се наоѓаме во еден многу поинаков момент, на почеток на еден проект. Со она што го видов до сега сум сосема задоволен и верувам дека не очекува многу поразличен натпревар. Не би се сложил дека ова е најважниот натпревар, до крај има уште повеќе натпревари, но од овој резултат квалификациите можат да отидат во една друга насока“.
Во овој момент добро е што немаме проблеми со повредите.
„Во овој момент сите се здрави и се надевам дека така ќе остане и после официјалниот тренинг и сите ќе може да конкурираат за натпреварот“, изјави Милевски.
Натпреварот со Романија го играме утре на домашен терен од 20:45 часот.