На списокот се најдоа 27 фудбалери, а Милевски објасни зошто е тоа така.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не случајно имаме 27 фудбалери, можат да се случат многу работи. Исто така не сум задоволен од формата на поголем дел од фудбалерите, но што е тука е. „Голем дел од репрезентативците немаат клубови или т.н „вчера“ најдоа клубови. Затоа ако сакаме добри резултати сите ќе мораат да ја подобрат формата“.
Сепак, верува во уште едно изненадување на репрезентацијата.
„Овие момци веќе навикнаа да изненадуваат, секогаш се ставаат во функција на тимот и додека постојат шанси за тоа прво место ќе направиме се за да ги искористиме. Сепак, како што кажав и претходно овие натпревари ние ги користиме за креирање на ликот на репрезентацијата во иднина. Токму затоа во овие натпревари од Лигата на Нации шанса добија голем дел потенцијални репрезентативци, ќе продолжиме и во иднина со таа проверка. Се надевам дека не би требало да направам подлабок рез“, изјави Милевски.