Директорот на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот работи на засилување на одбраната.
Прва мета на „росонерите“ е Никола Миленковиќ од Фиорентина, но двата клуба никако не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан е спремен да плати 27 милиони евра за српскиот стопер, додека Фиорентина бара најмалку 35 милиони евра за слободата на Миленковиќ.
Поради тоа „росонерите“ се ориентираат на други мети, а најновото име на списокот е Матија Настасиќ од Шалке.
Како опција се споменува и Никола Миленковиќ од Наполи, а интересно е што сите тројца фудбалери имаат ист агент, Фали Рамадани.
Малдини денес ќе има состанок со Рамадани во Милано, и ќе разговара за трансферот на Настасиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
?DiMarzio: There is an attempt by Milan for Nastasic, for the central-defender role. Schalke could be open for loan with obligation to buy. Milenkovic's deal is complicated. pic.twitter.com/ardywYHG05
— AC Milan Reports (@ACMReports) September 21, 2020