Дома Фудбал Италија Милан потврди одлични вести: Повредата на Ибрахимовиќ не е сериозна

Милан потврди одлични вести: Повредата на Ибрахимовиќ не е сериозна

Златан Ибрахимовиќ вчера ги загрижи фановите на Милан и воопшто на италијанскиот фудбал откако заработи повреда на тренинг.

„Скај Италија“ пренесе дека се работи за повреда на Ахиловата тетива и дека на Ибрахимовиќ му претстои долга пауза, па дури се шпекулираше со крај на кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Денес на напаѓачот му беа направени детални лекарски прегледи, а Милан со официјално соопштение ги израдува своите фанови.

„Златан Ибрахимовиќ има истегнување на бутниот мускул и нема никакво оштетување на Ахиловата тетива. Нови тестови ќе бидат направени за десетина дена“, соопштија од Милан.

Со оваа повреда се очекува Златан комплетно да се рехабилитира за две до три недели и ќе биде во можност да ја доигра сезоната во дресот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…