Дома Фудбал Останато Милан официјално потврди: Во август натпревар помеѓу двата најтрофејни европски клубови!

Милан официјално потврди: Во август натпревар помеѓу двата најтрофејни европски клубови!

„Росонерите“ ќе бидат гости на Реал Мадрид на 11 август во натпреварот на екипите кои имаат најмногу европски титули.

Тимот на Милан на својата официјална страна го најави натпреварот во кој ќе играат против Реал Мадрид за трофејот „Сантијаго Бернабеу“ .

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Милан и Реал Мадрид заедно имаат освоени 20 европски титули. Прв пат ваквиот натпревар се одигра во 1979 година.

За Милан ова ќе биде и последна проверка за Гатузо пред почетокот на сезоната во која ќе играат против Џенова на 19 август. Како и Милан и Реал својата сезона во Шпанија ја започнува на 19 август во натпреварот на домашен против Гетафе.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Милан ќе се одигра во Сабота, 11 август со почеток во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…