Популарниот Рино беше на удар поради слабите резултати – клубот донесе одлука.
Милан до крајот на сезоната грчевито ќе се бори за место кое води во Лигата на шампионите, желбата за враќање во најелитното европско натпреварување е голема и поради тоа беа ангажирани засилувања во летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пристигна Криштоф Пјонтек од Џенова и Лукас Пакета од Фламенго и засега се покажаа како погодоци на управата на „росонерите“.
Се добива впечаток дека пред Милан се подобри денови. Поради тоа управата одлучила да го поддржи тренерот на Гатузо иако неодамна беше на работ на отказ.
Гатузо ќе остане тренер до крајот на сезоната, а дали ќе го гледаме на кормилото на Милан и следната сезона зависи од пласманот на табелата, пред се тука се мисли на пласманот во Лигата на шампионите. Ако успее во тоа сигурно ќе биде тренер на „росонерите“ и наредната сезона.