Дома Трансфер зона Милан не се откажува од Иличиќ

Милан не се откажува од Иличиќ

Се засилија шпекулациите за можен трансфер на Јосип Иличиќ од Аталанта во Милан.

Според „Скај Италија“ раководството на „росонерите“ веќе стапил во контакт со агентот на 33-годишниот фудбалер.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Милан сака да разбере какви се условите за евентуален трансфер, како и колкава ќе биде сумата која ја бара Аталанта.

Иличиќ на лето влегува во последната година од договорот, па поради тоа „росонерите“ не се спремни да платат повеќе од 5 милиони евра.

Милан на крајот на сезоната најверојатно ќе се раздели со Чалханоглу и верува дека Иличиќ идеално би се вклопил во тимот, бидејќи има големо искуство во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…