Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Не можеш во финишот да ставиш играч со психички проблеми“

„Не можеш во финишот да ставиш играч со психички проблеми“

Словенија херојски се бореше со Португалија и издржа до пеналите каде што сепак неверојатниот Диого Кошта им одбрани три удари од белата точка и така ги елиминираше.

Првиот пенал за Словенија го шутираше Јосип Иличиќ, а промашија уште Јуре Балковец и Бенџамин Вербиќ. Сепак, Богдановиќ имаше забелешка што Иличиќ кој во минатото се мачеше со психички проблеми е избран да шутира во пенал серијата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ја би бил среќен ако Словенија поминеше. На крајот детали го одлучија победникот. Штета е кога четири натпревари нема да изгубите покрај ваква борба…Меѓутоа тука е неискуството. Не може тренерот да внесе двајца во финишот, а еден да има психички проблеми. Најлош можен избор за селекторот Кек беше да внесе два левоноги фудбалери“.

Го коментираше Богдановиќ и промашувањето на Шешко.

„Шешко? Момче кога ќе блеснеше ако не вечерва? Можеш да побегнеш, не да шутираш, да ја завлечеш топката со левата нога. Тоа пресуди во овој натпревар. Во идеален момент можеше се да реши, но не успеа“, искоментира Богдановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…