Дома Фудбал Италија Милан не верува во милост на УЕФА – се спрема да биде исфрлен од Европа

Милан не верува во милост на УЕФА – се спрема да биде исфрлен од Европа

Сериозни облаци надвиснаа над италијанскиот гигант Милан, откако УЕФА потврди дека клубот не е во согласност со параметрите на Финансискиот фер-плеј.

Сега се очекува санкција од УЕФА, а италијанските медиуми пренесуваат дека таа најверојатно ќе биде сурова, односно Милан ќе биде исфрлен од европските натпреварувања.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Денес „Газета дело Спорт“ пренесе дека раководството на Милан гледа со песимизам и дека веќе се припрема да биде исфрлен од Лига Европа.

Причината за ваквата санкција е што претседателот на Милан Јанхонг Ли се уште не го вратил заемот од 300 милиони евра од фодот „Елиот“. Иако самиот фонд гарантираше за ликвидноста на холдингот кој го поседува Милан, сепак УЕФА не го прифати договорот.

Генералниот директор на Милан, Марко Фасоне вчера изјави дека доколку клубот биде исфрлен од Лига Европа плановите на трансфер пазарот нема да се променат. Имено, сите најважни играчи ќе останат во тимот, а ќе бидат донесени 3 – 4 нови засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голманот на Интер се соочува со казна до 7 години затвор

Голманот на Интер Хосеп Мартинес е соочен со казна до седум години затвор за трагичната су…