Милан започнал преговори со својот капитен Алесио Ромањоли за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.
Ромањоли влезе во последната година од договорот, а преговорите за негово продолжување беа прекинати од поодамна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако се очекуваше дефанзивецот сигурно да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, сепак „росонерите“ ќе се обидат да го задржат.
Она што е интересно е што Милан ги има прекинато сите односи со неговиот агент Мино Раиола и дирекно со фудбалерот преговара за нов договор, бидејќи Ромањоли сака да остане на „Сан Сиро“.
Милан не може да му ја понуди сегашната плата од 6 милиони евра, но Ромањоли е спремен да ја прифати понудата од 3,5 милиони евра по сезона.