Милан е во проблеми и тоа е јасно, изгледа ќе мора да се случи она од што навивачите се стравуваа – продажба на најдобрите играчи.
Леонардо Бонучи минатото лето пристигна во Милан како големо засилување и човек од кого се очекуваше да ги предводи „росонерите“ до враќањето на старите, славни патеки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После седум фантастични сезони во Јувентус, Бонучи се одлучи да ја промени средината, ги одби сите понуди од странство и го избра Милан со цел да остане во Италија, но овој негов потег гледано од денешна преспектива се покажа како погрешен (барем на спортски план).
Милан за Бонучи плати сума од 40 милиони евра и сега според италијанските медиуми ќе се обиде да ја врати таа сума.
Бонучи се мачеше во првиот дел од сезоната, додека Монтела го предводеше тимот, но кога Гатузо седна на клупата започна да прикажува одлични настапи.
„Росонерите“ се свесни во какви проблеми се наоѓаат, како и дека мораат да ги продадат највредните играчи, а проблем за италијанскиот клуб е големата плата на Бонучи која изнесува 7.5 милиони евра годишно.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан сега бара 32 милиони евра за својот споер, а прв во редот во овој момент наводно е Манчестер Јунајтед.