Дома Фудбал Италија Милан како некогаш – Елиот издвои 150 милиони за засилувања

Милан како некогаш – Елиот издвои 150 милиони за засилувања

Италијаскиот гигант Милан доби ветар во грб за следната сезона бидејќи сепак ќе игра во Лига Европа, откако Арбитражниот суд ја укина казната на УЕФА.

Вчера „росонерите“ добија и нови сопственици, компијата „Елиот“ која веднаш ја промени директорската гарнитура и именуваше нов претседател.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека за нов генерален директор ќе биде именуван Леонардо, а американските сопственици веднаш ќе му дадат 150 милиони евра за трансфери.

Леонардо после играчката кариера неколку години му беше помошник на Галиани во Милан, а потоа ја вршеше функцијата спортски диркетор во ПСЖ, па ова за него ќе биде враќање во клубот кој одлично го познава.

Леонардо ќе ја преземе функцијата на Мирабели и ќе биде одговорен за трансферите, додека директорското место на Фасоне најверојатно ќе го заземе Умберто Гандини, кој цели 30 години беше директор на „росонерите“ во ерата на Берлускони.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“ примарна цел ќе биде ангажман на нов врвен напаѓач, а најголеми желби се Гонзало Игуаин и Алваро Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…