Дома Трансфер зона Милан и Јувентус спремаат голема трампа

Милан и Јувентус спремаат голема трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.

Преговорите помеѓу Милан и Ромањоли за продолжување на договорот не одат во добра насока, па дефанзивецот влезе во последната година од договорот.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус, кој e спремен да му понуди трампа на Милан.

„Бјанконерите“ сакаат да се ослободат од Бернардески, кој исто така влезе во последната година од договорот. Милан е во потрага по крилен напаѓач и е заинтересиран за Италијанецот.

Цената на двајцата фудбалери во моментов е приближна, па двата клуба можат да се договорат за трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…