Милан во првиот натпревар од 30-тото коло во италијанската Серија А го пречека Удинезе, а „росонерите“ во овој натпревар освоија само бод.
Во важен натпревар Милан одново разочара. После поразите од Интер и Сампдорија следуваше реми со Удинезе и Милан така продолжи да губи бодови и да си ја отежнува работата во борбата за Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен слабата игра и изгубените бодови, Милан остана и без Донарума и Пакета. Двајцата се повредија во првото полувреме, но засега нема информација колку ќе паузираат.
Пјонтек во слабото издание на Милан успеа да погоди после нафрлувањето на Кутроне во 45-тата минута за водство од 1:0.
PIATEK GIVES MILAN THE LEAD!!
PUM PUM PUM ??pic.twitter.com/FMUh00Vnmk— TheMilanBible (@TheMilanBible) April 2, 2019
Во продолжение Милан го контролираше натпреварот, но кога во 65-тата минута беа блиску до погодок следуваше контра од која Ласања погоди и обезбеди бод за Удинезе.
Милан со овој еден бод има 52 бода и се уште е четврти. Меѓутоа во последно време тимот на Гатузо губи многу бодови. Лацио е зад Милан со четири бода помалку, но клубот од Рим има и два натпревари помалку што значи дека со евентуални две победи во тие натпревари би избиле пред „росонерите“. Се надева и Аталанта која како и Лацио има 48 бодови и еден натпревар помалку.
Пред Милан Интер сега има прилика со победа во ова коло да побегне на четири бода предност.