Милан веќе подолго време е заинтересиран за холандскиот репрезентативец Мемфис Депај и сака летово конечно да го комплетира трансферот.
Ѕвездата на Лион сака да ја промени средината, а Милан е дестинација која му се допаѓа, па „росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Холанѓанецот игра во одлична форма, па го привлече вниманието на голем број европски гиганти. Меѓутоа, Милан е спремен да ја победи конкуренцијата.
Крилниот напаѓач ова лето ќе биде примарна цел на „росонерите“, а во прилог им оди целокупната ситуација. Имено, поради пандемијата сезоната во Франција заврши предвреме, па цените на фудбалерите драстично ќе паднат, а Депај инсистира на трансфер.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан испратил понуда од 30 милиони евра и сега се чека одговор од Лион.