Mилан успеа да се врати на врвот во италијанскиот фудбал, меѓутоа во исто време италијанскиот клуб работи и со младинската школа.
Во младинските категории Милан има вистински суперталент. Франческо Камарда го привлече вниманието на медиумите затоа што со само 14 години зад себе има неверојатни 500 голови. Неговиот просек е 5.5 голови по натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нема сомневање дека станува збор за голем талент, а поранешниот фудбалер на Милан, Игнацио Абате кој сега е тренер на екипата до 18 години го повика вклучи Камарда во неговата екипа.
„Камарда не треба да троши време играјќи со неговите врсници, вистинско чудо од дете. Очекувам да блесне и во У18 екипата. Сепак, сигурно дека ќе треба да продолжи напорно да работи“, изјави Абате.