Дома Фудбал Италија Милан има млад фудбалер со чудесна статистика – 87 натпревари, 483 гола!

Милан има млад фудбалер со чудесна статистика – 87 натпревари, 483 гола!

Mилан во своите младински категории има фудбалер со неверојатна статистика.

13-годишниот Франческо Камарда е вистинска гол-машина, доказ за тоа се неговите нереални бројки. Камарда на претходните 87 натпревари има неверојатни 483 гола што звучи навистина нереално. И ако некој помисли нешто друго, ќе напоменеме дека станува збор за нормални „11 на 11“ натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Европскиот фудбал не памети ваква статистика и сигурно дека Камарда има предиспозиции како ретко кој. Скаутите веќе го следат, но сигурно дека Милан лесно нема да се откаже и ќе сака да го задржи и понатаму. Останува времето да покаже како ќе се развива во иднина, но дека ветува, ветува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Можеби е зима, но јануари ќе „гори“: Иднината на Антоан Семењо доживува шокантен пресврт

Трансфер сагата околу ѕвездата на Борнмут и практично најбараниот играч во Европа моментал…