Дома Фудбал Италија Милан е најдобриот „гостин“ во Европа

Милан е најдобриот „гостин“ во Европа

Милан синоќа потешко од очекуваното стигна до победа против Верона, со голот на Тонали во 81-та минута (1:2).

Така „росонерите“ ја продолжија својата успешна серија на гостувањата и се најдобриот „гостин“ во европските најдобри лиги.

Имено, Милан е единствен тим во најдобрите европски првенства кој нема пораз на гостински терен во 2022 година.

Во календарска 2022 година Милан одигра 14 меча на гости во Серија А и има неверојатна статистика од дури 10 победи и 4 ремија. На овие натпревари росонерите постигнале 25 гола, а примиле само 8.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Илиќ удри по тимот на Партизан: Од денес не е важен само резултатот

Пред гостувањето кај Железничар во Панчево, Саша Илиќ јасно порача дека во Партизан следув…