Италијанскиот гигант Милан е пред комплетирање на уште еден трансфер, аргентинскиот талент Марко Пелегрино.
Младиот дефанзивец пред еден месец наполни 21 години и важи за еден од најголемите аргентински таленти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој настапува за Платенсе, а претседателот на аргентинскиот клуб е во Милано на финални преговори.
Пелегрино беше на мета на многу европски гиганти, но Милан ја победи конкуренцијата и за неговиот потпис ќе плати 6-7 милиони евра.
Аргентинскиот клуб ќе добие и 10% од следната продажба на младиот дефанзивец.