Дома Трансфер зона Милан го сака Фабрегас во јануари: Понудата веќе е испратена!

Милан го сака Фабрегас во јануари: Понудата веќе е испратена!

fabregas

Шпанскиот фудбалер Сеск Фабрегас дефинитивно е на чекор од заминување од Челзи.

Фабрегас не е во сериозни планови кај тренерот Маурицио Сари оваа сезона и јасно е дека ќе побара нова средија, а со оглед дека има 31 година нема да има проблем да потпише уште еден солиден договор пред крајот на неговата кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој во изминатите месеци се поврзуваше со Милан, а италијанските медиуми денес пренесуваат дека „росонерите“ испратиле официјална понуда на адреса на „сините“.

Понудата наводно изнесува осум милиони евра и Милан така сака да го забрза доведувањето на поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона. Ќе потсетиме, Фабрегас има договор со Челзи до крајот на сезоната и веќе во јануари може да започне преговори со новиот клуб кога во прашање е летниот трансфер.

Најголемата причина поради која Фабрегас не е среќен во Лондон е неговата желба да игра повеќе.

„Имаме добар тим со многу одлични играчи. На „Стенфорд Бриџ“ бев многу среќен, но секој играч сака да игра што повеќе“, изјави Фабрегас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …