Дома Трансфер зона Милан го сака Тилеманс

Милан го сака Тилеманс

Плејмејкерот на Лестер, Јури Тилеманс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот ова лето.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и Тилеманс како слободен агент ќе го напушти клубот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Еден од клубовите кои покажуваат сериозен интерес за Белгиецот е и италијанскиот гигант Милан.

Тиленас минатото лето беше на мета на Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед, но после просечната сезона интересот на овие клубови не е така силен.

Поради тоа голема е веројатноста Белгиецот да се пресели во Серија А, а покрај Милан интерес покажуваат уште Јувентус и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…