Дома Фудбал Италија Милан го претстави Фонсека, а тој уште веднаш најави напад на – Скудетото!

Милан го претстави Фонсека, а тој уште веднаш најави напад на – Скудетото!

Екипата на Милан денеска го промовираше Португалецот, Пауло Фонсека за нов тренер.

Милан неодамна го потврди ангажманот на Фонсека кој пристигнува како наследник на Пиоли, а денеска тој ја имаше и својата прва прес-конференција пред новинарите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Уште веднаш Фонсека најави дека целта на Милан ќе биде Скудетото.

„„Знам дека доаѓам во клуб кој сака да победува. Бев во неверојатниот клупски музеј и ја разгледав историјата на Милан, морам да признаам дека сум среќен што ќе бидам дел. Подготвен сум и не можам да го дочекам почетокот. Морам да признаам дека сум тука бидејќи верувам во борба за скудетото. Верувам во играчите кои ги поседува Милан. Не е тајна дека ни се потребни засилувања, има некои позиции кои треба да ги подобриме“, изјави Фонсека.

Договорот кој го потпиша со „росонерите“ е со важност на две години и опција за продолжување на уште една.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слушнете што му кажа Несторовски на Жута – коментаторот не сакаше да цитира! (Видео)

Maкедонските фудбалери Илија Несторовски и Леонард Жута вчера имаа пресметка во Хрватска к…