Дома Фудбал Италија Милан го наградува Калулу со нов договор

Милан го наградува Калулу со нов договор

Едно од најпријатните изненадувања во тимот на Милан е секако младиот Пјер Калулу, кој игра фантастично во одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот Французин минатата година се етаблираше во првиот тим, а и оваа сезона игра одлично.

Милан сака да го награди за добрите партии, но и да го „блиндира“ за во иднина, па веќе започнал преговори за продолжување на договорот.

Преговорите се во завршна фаза и медиумите откриваат дека Калулу наскоро ќе потпише нов договор до 2027 година со годишна плата од 2 милиони евра по сезона.

Инаку Калулу беше еден од најмалку платените играчи во тимот и годишно заработува 800.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mурињо „отпишал“ тројца фудбалери на Реал, еден не сака да слушне да замине!

Жозе Мурињо ги „отпиша“ Фран Гарсија, Раул Асенсио и Едуардо Камавинга, но последниот не с…