Дома Фудбал Италија Милан го менува „Адидас“ со „Пума“ и губи огромна сума!

Милан го менува „Адидас“ со „Пума“ и губи огромна сума!

Поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони зборуваше за тешката финансиска ситуација во својот поранешен клуб, а неговите зборови беа „подгреани“ после шпекулациите за промената на техничкиот спонзор на „росонерите“.

Имено, после две децении успешна соработка, германскиот гигант „Адидас“ одлучи да ја прекине соработката со Милан.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според пишувањето на „Газета Дело Спорт“, Милан е многу блиску до поптишување на договор со „Пума“.

Сепак, финансиската загуба не е мала. Милан со „Пума“ ќе потпише договор до 2023 година, а вредноста на договорот се очекува да изнесува помеѓу 10 и 15 милиони евра по сезона. „Адидас“ плаќаше околу 19 милиони по сезона, што значи дека во наредните шест сезони Милан ќе изгуби околу 30 милиони евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Агентот на Холанд: Не сме имале никакви контакти со Барселона или некој од кандидатите за претседател

Агентот на Ерлинг Холанд, Рафаела Пимента, увери дека не разговарала со ниту еден од канди…