Милан ова лето е исклучително активен на трансфер пазарот, па „росонерите“ денес го договорија седмото засилување за новата сезона.
Станува збор за ѕвездата на Виљареал и нигериски репрезентативец Самуел Чуквуезе, кој доаѓа во Милан за 28 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес двата клуба ги договорија последните детали и се очекува утре Чуквуезе да пристигне во Милано на лекарски прегледи.
Нигериецот веќе има договор со „росонерите“ и ќе потпише 5-годишен договор тежок 4 милиони евра по сезона.
23-годишниот крилен напаѓач минатата сезона беше хит во Лигата на шампиони, а и оваа сезона одигра одлично во дресот на Виљареал со 13 гола и 11 асистенции.
AC Milan are waiting for final green light then will start to exchange documents with Villarreal for Samuel Chukwueze deal. 🔴⚫️⏳ https://t.co/5k8Mi5ARM2
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 24, 2023