Дома Фудбал Италија Милан го „блиндира“ Кеси со нов договор

Милан го „блиндира“ Кеси со нов договор

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Франк Кеси се блиску до договор за продолжување на соработиката до 2026 година.

Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оваа сезона се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и постигна 13 гола.

Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси веќе влезе во последната година од договорот.

За Кеси интерес покажуваат неколку европски гиганти, но последните информации се дека двете страни се блиску до договор.

Кеси ќе стави потпис на договор до 2026 година и годишно ќе заработува до 6 милиони евра со вклучени бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадуваање: Дресот на Лионел Меси веќе не е најпродаван во САД

Дресот на Лионел Меси долго време беше најпопуларен по продажба во САД, но веќе не е така.…