Дома Фудбал Италија Милан го „блиндира“ Калулу со нов договор

Милан го „блиндира“ Калулу со нов договор

Младиот дефанзивен на Милан, Пјер Калулу е блиску до потпишување на нов договор со „росонерите“, пренесуваат италијанските медиуми.

21-годишниот Французин минатата година се етаблираше во првиот тим, а и оваа сезона игра одлично.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Милан сака да го награди за добрите партии, но и да го „блиндира“ за во иднина, па веќе започнал преговори за продолжување на договорот.

Преговорите се во завршна фаза и медиумите откриваат дека Калулу наскоро ќе потпише нов договор до 2027 година со годишна плата од 2 милиони евра по сезона.

Инаку Калулу беше еден од најмалку платените играчи во тимот, а интерес за него покажа Пари Сент Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем гест на Алесандре Пато: Помогна на семејство на девојка која трагично го загуби животот

Поранешната фудбалска ѕвезда на Милан, Бразилецот Александре Пато (35), понуди финансиска …