Двајцата фудбалери потпишаа договори на три години.
После Интер, своите зделки на трансфер пазарот ги комплетираше и другиот клуб од Милано. Иако се исфрлени од Европа поради проблемите со финансискиот фер-плеј, „росонерите“ ги официјализираа трансферите на Пепе Реина и Иван Стриниќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реина и Стриниќ пристигнуваат како слободни играчи откако им завршија договорите со Наполи, односно Самподрија.
Шпанскиот голман во дресот на Наполи помина четири сезона, а освои и еден куп на Италија. Реина потпиша договор со Милан до летото 2021 година.
Кога е Стриниќ во прашање тој во Сампдорија помина само една година, а претходно како и Реина беше играч на Наполи. Како и Реина и Хрватот потпиша договор на три години.
Реина веднаш би требало да се приклучи на Милан, додека тоа Стриниќ ќе го направи нешто подоцна со оглед на тоа дека Хрватска обезбеди четвртфинале на Мундијалот.
Ufficiale: @PReina25 e Strinic sono rossoneri ?? https://t.co/rFG5nw6jUy
Official: Reina and Strinic are Rossoneri ?? https://t.co/UCPu1PZ484#weareacmilan ?⚫ pic.twitter.com/YlXQ6GZGhW— AC Milan (@acmilan) July 2, 2018