Дома Фудбал Италија Милан без Ибрахимовиќ ќе гостува кај Звезда во Белград?

Милан без Ибрахимовиќ ќе гостува кај Звезда во Белград?

Милан во рамките од првата нокаут рунда во Лигата на Европа ќе игра против Црвена Звезда.

Првиот натпревар помеѓу овие две екипи е закажан за во Белград и тој ќе се одигра на 18. февруари. „Газета дело Спорт“ сега тврди дека тренерот Стефано Пиоли за овој натпревар има намера да го одмори Златан Ибрахимовиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причината е поради тоа што Милан само три дена после натпреварот со Звезда го игра градското дерби со Интер.

Ваквата информација секако е лоша вест за навивачите на Звезда кои ќе успеат да дојдат до влезница. Според последните информации на стадионот „Рајко Митиќ“ би можеле да бидат исполнети 30% капацитетот на стадионот.

Местото на Ибрахимовиќ веројатно ќе го превземе Марио Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе со извршители си ги бара парите од ПСЖ!

Килијан Мбапе испратил судски извршител во Пари Сен Жермен за да побара 5.9 милиони евра о…