Aктуелниот шампион во МЗТ Скопје денес официјално потврди дека е испратена жалба до Арбитражната комисија на КФСМ на одлуката на Дисциплинската комисија – казната од 300.000 денари за клубот и двегодишната сузпензија за Тони Грнчаров.
Ќе потсетиме казната клубот и Грнчаров ја добија поради навреди кон првиот човек на македонската кошаркар, Перо Антиќ преку социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На МЗТ и на Грнчаров им е скратено правото да се запознаат со содржината на Пријавата поднесена од страна на Антиќ и скратено им е правото да осознае кој прекршок од Дисциплинскиот правилник на КФМ им се става на товар, како и правото по прием на пријавата и увид во нејзината содржина да дадат своја соодветна одбрана. Со ваквата постапка, од страна на ДК е сторена флагрантна повреда на постапката согласно Дисциплинскиот правилник, а во врска со одредбите од Законот за кривична постапка и Европската конвенција за човекови права!“, се вели во делот во кој се докажува дека МЗТ и Грнчаров не ги добиле ниту минималните права како „обвинети“.
„Небитни моменти за фановите на Грнчаров, односно за навивачите на МЗТ од ‘спорната’ фотографија би биле – Антиќ како бивш играч на Работнички, еден од судиите од натпреварот, навивачите од Работнички и домашната сала на Работнички, поради што и тие исто така се заматени, работи кои воопшто не се спомнуваат во одлуката. Со самиот факт дека Антиќ се потпишуваше на секоја изјава како ‘Небитниот’, јавноста го дозна како ‘Небитниот’ и тоа беше поставено како еден сатиричен начин на комуникација од негова страна. До денеска, Антиќ во ниту еден момент јавно не се откажал од овој прекар или, пак, го демантирал, на начин да покаже во јавноста дека со тој прекар трпел штета на неговиот углед, чест и достоинство, односно дека бил навреден. Згора на тоа, во перидот по Суперкупот, ниту еден медиум не му се обратил на Антиќ како ‘Небитниот’ или ‘Заматениот’ во негативна конотација што значи дека никој нашата објава не ја сфатил на таков начин, бидејќи ниту намерата не ни била таква, но и се докажува дека тој не претрпел никаква штета“, се дополнува во жалбата.
ФОТО: МЗТ Скопје