Македонскиот вицепрвак, Металург ја прокоцка предноста од 9 гола во Харков, па задоволи само со бод по конечен резултат од 28:28 против Мотор Запорожје.
Контролата на мечот несомнено во поголемиот дел го имаше тимот од Автокоманда, се создаваа шанси и се нижеа погодоци, а на пауза нашиот состав замина со шест позитива, односно 12:18.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во вториот дел потфрли тимот од Атокоманда, а доказ за тоа беше стопената предност која се преточи во 26:26 на само пет минути до крајот.
И иако Металург го имаше последниот напад за победа, тоа не го искористија.
Најпрецизни во тимот на Металург беа Јагањац и Гуглета кои постигнаа седум погодоци.