Дома Македонски спорт Мак ракомет Металург доби посакуван противник во ЛЕ

Металург доби посакуван противник во ЛЕ

Металург доби ривал по мерка во второто квалификациско коло во ракометната Лига на Европа, откако денешната жрепка за противник им го донесе швајцарски Криенс.

Првата средба ќе се одигра на 22 септември во Скопје, додека реваншот на програмата е на 29 септември во Луцерн.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Швајцарскиот тим во првото коло беше поуспешен од Дубрава која ја совлада во двата натпревари, со 29:27 и 28:19. Металург во првото квалификациско коло беше поуспешен од Спачва.

Швајцарскиот Криенс ќе биде последната пречка на Металург за пласман во групната фаза на Лига Европа.

„Се работи за еден од противниците кои ги посакувавме за оваа рунда, но сигурно нема да биде лесно“, прокоментира тренерот Кастратовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…