Лионел Меси овој викенд запиша хет-трик против Реал Бетис во шпанското првенство, а овој хет-трик му го донесе и лидерското место кога се најдобрите стрелци во Европа во прашање.
Меси е лидер со 29 постигнати погодоци, а веднаш зад него се наоѓа суперталентираниот Килијан Мбапе од редовите на Пари Сен Жермен. Мбапе стигна до втората позиција благодарение на погодоците во дербито против Олимпик Марсеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот ветеран Фабио Кваљарела кој доживува втора младост во дресот на Сампдорија се наоѓа на третата позиција со пет голови помалку од Французинот.
Масмилијано Алегри му даде одмор на Кристиано Роналдо овој викенд во натпреварот против Џенова, па така Португалецот остана на 19 голови колку и што има Пјонтек кој не успеа да погоди во градското дерби против Интер.
Табелата во трката за „Златната копачка“ изгледа вака:
Лионел Меси 29 голови
Килијан Мбапе 26 голови
Фабио Кваљарела 21 гол
Кристијано Роналдо 19 голови
Криштоф Пјонтек 19 голови
? [GOAL] | Golden Boot race, Messi in the lead pic.twitter.com/axKPB3MDja
— BarçaTimes (@BarcaTimes) March 18, 2019
Останува да видиме до крајот на сезоната кој ќе го освои ова признание, засега Меси чекори кон одбрана на оваа титула.