Дома Топ вести Меси се огласи и категорично демантираше трансфер: Тоа се лаги! (фото)

Меси се огласи и категорично демантираше трансфер: Тоа се лаги! (фото)

Денес аргентинскиот медиум „ТНТ“ лансираше вистинска „бомба“ и објави дека Лионел Меси би можел ова лето да ја напушти Барселона и да се пресели во Интер.

Медиумот дури напиша дека преговорите помеѓу капитенот на Барселона и Интер веќе започнале и дека во трансферот ќе биде вклучен и Лаутаро Мартинез.

Ваквите најави станаа вирална вест, па мораше да се огласи и самиот Лео Меси, кој категорично ги демантираше ваквите тврдења.

Меси се огласи преку својот Инстаграм и потврди дека станува збор за лажни вести.

„Ова се лажни вести. За среќа никој не им верува“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…