Лео Меси по долга сага минатото лето заврши во Интер Мајами по епизодата во ПСЖ која нема да ја памети по добро.
Во избор на „Тајмс“, Меси беше прогласен за „спортист на годината“, поради освоеното Светско првенство со Аргентина и „Златната топка“, а сега за овој медиум призна дека размислувал за Саудиска Арабија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојата прва опција беше да се вратам во Барселона, но тоа не беше можно. Се обидов да се вратам, но eдноставно ситуацијата не дозволуваше“, започна Меси и додаде:
„Вистина е и дека подоцна многу размислував да одам во саудиската лига, каде што ја познавам земјата и тие создадоа многу силно натпреварување кое може да стане важна лига во блиска иднина“, истакнува Аргентинецот.
На крајот сепак се одлучи за Интер Мајами.
„И МЛС и саудиската лига ми изгледаа како интересни опции“, призна Меси.