Дома Топ вести Меси: Не се гледам себеси како најдобар во историјата, доволно ми е да бидам еден од најдобрите

Меси: Не се гледам себеси како најдобар во историјата, доволно ми е да бидам еден од најдобрите

Лионел Меси откако ја освои седмата „Златна топка“ имаше и интервју за „Франс Фудбал“ во кое меѓу другото и откри зошто ја одбил 10-ката од Нејмар кога пристигнал во ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кога пристигнал во клубот ПСЖ му ја понудил 10-ката откако Нејмар се согласил да му го отстапи бројот, сепак Меси ја одбил таа понудата.

„10-ката е за него. Дојдов тука како нов во тимот да помогнам, навистина тоа беше исклучителен гест од негова страна. Да бидам искрен и го очекував затоа што го познавам Нејмар. Долго време поминавме заедно во Барселона и сме добри пријатели. За мене е фер тој да го носи дресот со број 10, затоа се одлучив за 30“.

Не се гледа себе како најдобар во историјата.

„Никогаш не сум кажал дека сум најдобар во историјата, доволно ми е да бидам еден од најдобрите во историјата. Такво нешто никогаш не ме интересирало и нема да посветувам внимание дали сум или не“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …