Кристиано Роналдо ќе го пропушти дуелот со Барселона во Лигата на шампиони бидејќи е позитивен на коронавирус.
По тој повод денес се огласи Лионел Меси и му посака брзо оздравување на својот најголем ривал.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Во разговор за „ДАЗН“, Меси потсети на претходните пресметки со Роналдо, во периодот кога Португалецот го носеше дресот на кралскиот клуб од Мадрид.
„Тој дуел со Кристиано Роналдо беше нешто посебно, тој останува засекогаш. Тоа траеше многу години, и на тоа ниво не е лесно да се игра многу години. Нашите тимови исто така бараа многу, тоа се Реал Мадрид и Барселона, двата најсилни клуба во светот. Оние наши натпревари кога бевме подеднакво силни ќе ги паметиме долго време. Дуелот помеѓу Кристијано Роналдо и мене беше важен и на личен план и мислам дека луѓето уживаа“, истакна Меси.
„Кога Кристиано играше за Реал, натпреварите беа нешто посебно, со него на теренот, натпреварите имаат посебно. Сега е минато, се радуваме на нов предизвик. Требаше повторно да се видиме во среда, се надевам дека Кристиано ќе биде таму и дека наскоро ќе се опорави од коронавирусот“, додаде Меси.