За најдобар фудбалер на светот оваа година е прогласен хрватскиот играч за врска Лука Модриќ. После изборот се појавија голем број на коментари за оваа одлука.
Мислењата се поделени. Едни тврдат дека играчот на Реал апсолутно ја заслужува наградата, додека други дека пред него ја заслужиле Роналдо или Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што Лео Меси, петкратниот освојувач на Златната топка не се појави на самата церемонија.
Аргентинецот сега во разговор за Марка одлучи за прв пат да открие зошто не се појави.
„Кога видов кои се номинирани, знаев дека немам шанса да ја освојам наградата. А не ме интересираше дали ќе бидам втор, трет или четврти. Не се надевав на ништо.“ – изјави Меси.