Екипата на Барселона се наоѓа во мини криза, каталонскиот гигант веќе три натпревари не знае за победа во шпанската Ла Лига.
Барселона запиша две нерешени средби на домашен терен, а помеѓу нерешните исходи со Џирона и Атлетик Билбао, доживеаа изненадувчаки пораз од Леганес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми утрово објавија дека поради ваквите резултати Меси разговарал со управата на клубот и ги советувал што треба да направат во јануари.
Наводно, Меси порачал дека најдобро за клубот би било да ги продаде Нелсон Семедо, Томас Вермален и Рафиња бидејќи според него тоа не се играчи од калибар за клуб каков што е Барселона.
Исто така, капитенот на Барселона јасно ставил до знаење дека клубот мора да се засили на почетокот на 2019 година. Меси верува дека со парите од продажбата на тројцата споменати играчи е паметно да се вложат во Пол Погба кој често се поврзува со Барселона, поради ситуацијата во Манчестер.