Дома Фудбал Меси до крајот на сезоната може да сруши два легендарни рекорди на Пеле и Зара

Меси до крајот на сезоната може да сруши два легендарни рекорди на Пеле и Зара

Фудбалот многу брзо ќе се врати во Шпанија, а Лионел Меси ќе продолжи кон своите цели. Аргентинецот е на одличен пат да стане играчот кој најмногу пати бил најобар стрелец во Примера и фудбалерот со најмногу голови за еден клуб.

Секако, прва и основна цел на Меси е одбраната на титулата шампион на Шпанија и обид после пет години да се освои трофејот во Лигата на шампионите. Сепак, капитенот на Барселона има и некои индивидуални планови. Меси сака да сруши два легендарни рекорди на Телм Зара и Пеле.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси во овој момент е прв стрелец на Примера со 19 голови, има пет повеќе од Бензема и е на одличен пат да го освои својот седми трофеј за најдобар стрелец во лигата. До сега Аргентинецот има шест трофеи, како и легендарниот Зара кој кон средината на минатиот век ги тресеше мрежите за Билбао.

Пеле постигна 643 голови за Сантос и никој не постигнал повеќе голови од него за еден клуб. Олго се веруваше дека тој рекорд нема да биде срушен, но Меси сега е блиску. Во дресот на Барселона Меси има 627 голови и можеби рекордот на Пеле ќе падне уште во оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…