Шпанска Марка му ја врачи наградата на Лионел Меси за играч со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот (56).
По тој повод, Шпанците имаа краток разговор со легендарниот Аргентинец, кој од летото 2023 година настапува за американскиот Интер Мајами.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Што ми остана во фудбалот? Фала му на Бога, можам да кажам дека ги исполнив сите мои соништа. Мојот најголем сон беше да го освојам Светското првенство.
Освоив се за клубот на мојот живот, Барселона, а исто така освоив титули во ПСЖ. Не можам да барам ништо повеќе“, изјави Меси, па ја прокоментира можноста да игра на Светското првенство во 2026 година, кога ќе има 39 години.
„Сè се случува со причина во животот. Се трудам да уживам во тоа од ден на ден. Кога ќе дојде време, ќе видиме, не сакам да го забрзувам времето. Сега се чувствувам многу добро и се надевам дека ќе продолжи така, па ќе видиме, нема да објавам ништо, одам еден по еден ден“.