Дома Трансфер зона Меси во Интер? Еве што мисли Морати

Меси во Интер? Еве што мисли Морати

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати го сподели своето мислење за можноста клубот од Милано да ја донесе ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познато е дека Меси е неостварен сон на Морати и дека во минатото имаше изјави дека негова желба е да го види Аргентинецот во дресот на Интер.

„Не мислам дека ова е целосно невозможен сон. Меси го завршува договорот и сигурно ќе се обиде да се врати дома. Не знам дали ситуацијата ќе се промени, но мислам дека ќе видиме неверојатни работи на крајот на годината“, изјави Морати.

Оваа сезона, 32-годишниот Аргентинец, одигра 31 натпревар за каталонскиот клуб, постигна 24 голови и запиша 15 асистенции. Во текот на сезоната

Меси имаше конфликт со дел од раководството на Барселона и неговото останување во клубот не е така сигурно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…