Додека медиумите шпекулираат кој ќе го замени Розберг во Мерцедес, тимот преку јавен оглас им нуди шанса да се пријават сите заинтересирани.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Од Мерцедес бараат мотивиран возач со силна желба да успее и да се посвети на тимска работа. Притоа истакнаа дека кандидатот ќе биде задолжен да настапи на гранд при трките, на тест возењата и на други настани во текот на трката.
Се разбира, предност е и поседување на ФИА Супер лиценца, барање на кандидатите да бидат способни да го известат тимот за состојбата на возилото, да ги препознае предностите и слабостите на противникот и да покаже стрпливост и трпение кое се наоѓа во центарот на медиумите.
Од друга страна, Мерцедес гарантира „дарежлив“ бонус, животно осигурување, приватна медицинска нега, личен фитнес, и бесплатни ресторани.